СОСТОЈКИ:
За бисквит
- 3 жолчки
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици брашно
- кора од лимон
- 3 белки
За карамел
- 1 дл масло
- 80 гр шеќер
- сок од половина лимон
- 50 гр мелени ореви
- 4-5 киселкасти јаболка
- шлаг по желба
ПОДГОТОВКА:
Маслото и шеќерот карамелизирајте ги до светлосмеѓа боја. На намастен калап од 24 см наредете излупени и исечкани јаболка на парчиња. Печете во загреана рерна на 220 степени 15-20 минути.
Во меѓувреме подгответе го бисквитот. Жолчките изматете ги со шеќер и додајте брашно и снег од белки и сите останатите состојки.
Печените јаболка посипете ги со ореви и пропрскајте ги со сок од лимон. Преку јаболката додајте ја смесата за бисквит и печете на 180 степењни околу 20 минути. Печениот бисквит малку изладете го и извадете го од калап така што ќе го превртите на чинија или плех.
Направете прелив по ваш вкус или едноставно премачкајте со шлаг и уживајте!