Можеби се наоѓа во центарот на Киклада, но не е премногу скапо. Списанието „Travel and Leisure“ ја објави листата на најубави острови во Европа, а на прво место се најде еден грчки остров.
Најубав остров за 2019-та година е кикладскиот остров Милос, а уштре три грчки острови се најдоа меѓу првите петнаесет – Крит на второто место, Парос на четвртото место, а Санторини на петтото место.
„Travel and Leisure“ пишуваат дека во оваа категорија доминира Грција, а дека Милос е многу повеќе од само локалитет на кој е пронајдена Милоска Венера.
„Сино-белите куќички, но и единствените бели карпи кои го разубавуваат островот се доволна причина да го посетите овој остров“ – пишуваат во списанието.
Тесните плажи сместени меѓу белите карпи и тиркизното море сокриваат лежалки за сончање, шарени чадори и освежувачки коктели. Главен град е Плака кој постои уште од средниот век, а од таму на туристите им се нуди величенствен поглед.
Постојат околу седумдесет и пет плажи на островот. Плажата Хиладолимни е најдолга, а плажи кои мора да ги посетите се: Саракинико, Папафрагас, Фиропотамос, Неродафни, Лакида, Платхиена, Арети, Полониа, Гоурадо и Филакопи.
На Грците официјално ќе им биде доделена награда за најубав остров на доделувањето во Њујорк.
извор: точка.мк