Според новата интерактивна Travel Risk Map, направена за љубителите на патувања, најопасни места за туристи во 2020 година се Либија и Сомалија.
Годишната мапа на ризични патувања ги открива земјите во кои повеќето посетители имаат проблеми со работи поврзани со нивната безбедност.
На врвот на листата се најдоа Либија и Сомалија, а веднаш зад нив се Авганистан и Венецуела.
Најдобра е состојбата во Финска, Норвешка и во Ирска, кога ќе се земат предвид сите фактори.
Кога станува збор за здравјето, најголема е веројатноста дека ќе го загрозите со патувања во Нигерија, Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија, Јужен Судан, Еритреја.
Меѓу земјите со многу мал ризик од зарази и болести повеќето се во Европа, канада САД, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Кореја и Јапонија.
Што се однесува до насилството, најпроблематични се Авганистан, Сирија, Јемен, Ирак, Сомалија, Либија и делови на Нигерија.
Најбезбедни земји се Норвешка, Гренланд, Финска, Швајцарија и Словенија.
извор: кајгана