Јелена Карлеуша од почетокот на годината е актуелна тема во медиумите.
По порно аферата со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш на кого наводно праќала и експлицитни фотографии, во медиумите се појавуваа разни вести за односот на пејачката и нејзиниот сопруг.
На почетокот на март, почина мајка и на Карлеуша, па во медиумите актуелни беа вестите за смртта на Дивна Карлеуша.
Деновиве, требаше да се одржи ново судење меѓу Огњен и Јелена, меѓутоа пејачката не се појави.
Во медиумите повторно се актуелни темите околу разводот на Душко и Јелена, и тоа дека наводно парот се разведува.
По тој повод Јелена се огласи на „Инстаграм стори“.
„Таблодините текстови за разводот се апсолутна лага и измислица на болните умови. Не верувајте, не читајте и не им давајте значење бидејќи се ЛАГА“ напиша Карлеуша.
За потсетување, Јелена и Душко се отследија на „Инстаграм“, а тоа уште повеќе ги зголеми гласините за разводот.