Орео колачињата можат да бидат одличен додаток на многу десерти. Овие популарни бисквити можете да ги сомелете во прав и да ги претворите во вкусна основа за чизкејк, но можете да ги додадете и во разни ледени десерти.
Не треба ни да ја запалите рерната за да ја подготвите оваа вкусна торта со бисквити Орео. Состојките измешајте ги во блендер, наредете ги во калап за бисквити и ставете ги во фрижидер.
Најтешкиот дел од подготовката е да се чека колачот да се стегне и да биде подготвен за послужување.
Состојки:
1 литар шлаг
770 гр Орео бисквити
120 мл ирски ликер Бејлис
4 лажици шеќер во прав
2 лажички екстракт од ванила
Подготовка:
Подгответе калап за колачи со дијаметар од 23 инчи. Покријте го со пластична фолија. Во блендер изматете го кремот во шлаг заедно со шеќерот во прав и ликерот.
Во калапот ставете го првиот слој од бисквитите Орео, намачкајте ги со кремот и повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.
Ставете го во фрижидер да се стегне колачот најмалку 4 до 5 часа или преку ноќ.
Исечете го и послужете ја добро изладената торта. Добар апетит!
извор:попара.мк