Живот и Стил

Најдобрите пет пролетни дестинации за патување во 2018 година

Најдобрите пет пролетни дестинации за  патување во 2018 година

Сакате да патувате до најубавите дестинации оваа пролет? Погледнете што препорачуваме!

Париз
Париз е речиси секогаш една од најдобрите дестинации на која можете да патувате. Градот на прекрасна култура, богата историја и врвен квалитет на гастрономски понуди. Нема причина зошто да не го посетите Париз.

Порто
Порто е втор по големина град во Португалија, а Лисабон е еден од најпосетените градови. Град со богата историја, одлична гастрономска понуда и убава култура кој ќе ве натера да се заљубите во него на прв поглед.

Амстердам
Напролет тука се слави Денот на кралот, најважниот ден од годината што се однесува до Амстердам. Уживајте во одличната гастрономска понуда и неверојатниот избор на забавни содржини. Во Амстердам се наоѓаат најубавите и живописни улици на светот.

Занзибар
Ако сакате егзотични дестинации, врвна храна и прекрасни хотели, тогаш мора да го видите островот Занзибар. Прекрасен избор за меден месец во пролет или романтично бегство за двајца.

Санторини
Обидете се да избегнете гужва и високи цени, а наместо во лето, посетете го овој живописен остров помеѓу март и јуни. Препорачуваме да резервирате што е можно поскоро, бидејќи цените се зголемуваат брзо.

To top