Живот и Стил

Најдобриот рецепт за мраморен колач! Задоволство кое одлично оди со кафе (видео)

Најдобриот рецепт за мраморен колач!  Задоволство кое одлично оди со кафе (видео)

Старинските колачи секогаш не потсетуваат на детството, па можете да направите мраморен десерт кој одлично оди со кафе.

Состојки:

5 јајца

10 лажици шеќер

200 грама брашно

100 мл млеко

100 мл маслиново масло

кора од лимон

2 лажици какао

1 прашок за пециво

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го брашното со прашокот за пециво. Додадете ги другите состојки, маслото, млекото, кората од лимон и сè измешајте.

Поделете го тестото така што поголемиот дел нека остане светол, а во другиот ставете го какаото. Подмачкајте ја тавата за печење, а потоа истурете 2 лажици од светлото тесто во центарот на тепсијата, па 2 лажици темно тесто одозгора и така до крај.

Нежно ставете ја тавата во рерна загреана на 200 степени и печете го мермерниот колач 40 – 45 минути.

Извор: Курир.мк

To top