Потребни состојки:
- 1 јајце;
- 130гр. Брашно;
- 30гр. Какао;
- 200гр шеќер;
- 1 ванилин шеќер;
- 1лажиче прашок за пециво;
- 1/2л. Сода бикарбона;
- прстофат сол;
- 180мл млеко;
- 100мл зејтин;
- 200 гр. чоколадо за готвење.
Подготовка:
Чоколадото се сече на ситни коцки или се ренда на крупно и се става во замрзнувач 10-15минути.
Се мешаат посебно сувите состојки, а посебно мокрите. Во сувите состојки се додава чоколадото, а дел се остава. Се соединуваат убаво. Се става во калапчиња за мафини, претходно обложени со корпи. Се пече 20 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.