“Ultima Thule Lodge” на Алјаска е едно сосема единствено искуство! Не само затоа што станува збор за луксузно одморалиште, туку затоа што морате да минете неверојатен пат за да дојдете до него.
Со оглед на оддалеченоста, ќе се возите неколку часа до најблискиот град, а потоа ќе се качите на авион за да дојдете до своето одредиште.
На споменатото одморалиште можете да ја пробате традиционалната кујна на Алјаска, сауна, спа, а во понудата има и низа активности на едно од најодалечените места на светот.
Сето тоа ќе го добиете по цена од 7.000 евра по личност за само четири дена, па се до 21.000 евра за целосен “All Inclusive” пакет.
Најблиску е селото Макарти, во кое живеат само 28 луѓе, а од таму вас ве пренесува авион до оддалеченото одморалиште, кое е толку осамено во природата, што најблискиот пат се наоѓа на 150 километри.
За да дојдете до Макарти ќе мора да патувате седум до осум часа, со автомобил од Енкориџ до Фербанкс, каде има аеродром.