Живот и Стил

Најчести грешки при перње на облеката

Најчести грешки при перње на облеката

Овие грешки можат да предизвикаат оштетување на ткаенината или бојата, што, сигурни сме, не е целта за никој од нас.

Познатата Марта Стјуарт, како и порталот „Real Simple“, се согласија за 3 работи коишто не ги правиме правилно.

Не е доволно само да ги раздвоите темната и светлата облека

Според прирачникот „Martha Stewart Living “, колку повеќе ќе ја раздвоите облеката, толку ќе биде “посвежа”. Одвојте многу валкана облека од облека со само неколку дамки и раздвојте ги тешките материјали како што е тексасот, од лесните ткаенини. За да избегнете фармерките да избледат, превртете ги од внатрешната страна, измијте ги во ладна вода и исушете ги на ниска температура. Ако не сакате постелнината да се превиткува, измијте го секој комплет одделно, наместо да ги измиете сите постелнини заедно.

Детергентот никогаш не треба да го ставате директно врз облеката

Верувале или не, постои правилен и погрешен начин да се наполни машината за перење. „Real Simple“ препорачува дека за најдобра дистрибуција на детергентот преку машината (прочитајте: почисти алишта) најдобро е прво да ги ставите алиштата, потоа да додадете вода и на крај да го истурите детергентот.

Тестирајте дали облеката пушта боја

Ако сте загрижени дали новата црвена маица ќе ги обои алиштата, не заборавајте да направите тест пред првото перење. Навлажнете еден дел и истријте ја белата ткаенина од црвената маица за да видите дали пушта боја, стои во упатството „Martha Stewart Living “. Ако е така, измијте го тоа парче облека одделно додека не престане да ослободува пигменти.

извор:попара.мк