Познатиот готвач Гордон Ремзи открива како да направите брз, но вкусен десерт.
Сите обожуваат тирамису, кој главно лесно се прави, но сега можете да го подготвите и за помалку од една минута. Испробајте го рецептот бидејќи не се разликува многу од оригиналот, а вие нема да изгубите многу време.
Потребни состојки:
– 170 мл. слатка павлака
– 225 гр. маскарпоне сирење
– 4 пишкоти
– 225 мл. инстант кафе (растворено во вода)
– 4 лажички Марсала
– 35 гр. шеќер во прав
– 1 лажичка екстракт од ванила
– рендано чоколадо
Начин на подготовка:
1. Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав, а во друг сад помешајте го алкохолот, маскарпонето и екстрактот од ванила.
2. Потоа, соединете ги двете смеси.
3. Пишкотите скршете ги на половина, потопете ги во раствореното кафе и ставете ги во чаши.
4. Одозгора ставете го филот, па украсете со изрендано чоколадо.