Пејачката Мира Шкориќ преживеа вистинска драма кога и беше откриен тумор на штитната жлезда која и беше оперирана.
Таа помина низ тежок период, а како што вели малку луѓе биле покрај неа.Шкориќ првпат проговори за тешкиот период и откри дека е разочарана од многу пријатели.
„Драгана Мирковиќ прва ме посети во болница, а цело време покрај мене беше и Ана Бекута. Не очекував никој бидејќи не бев во ситуација да објаснувам. Најблиските пријатели први ме закопаа, но многу се зезнаа. Поминав низ пекол, но најтешко ми е што моето семејство страдаше поради мене“ вели Мира и додава:
„Се обидов да ги заштитам колку можам. Лажев и криев колку сум болна за да заштитам починатата мајка, болниот татко и малолетната ќерка, а на Институтот за онкологија одев како некој кога оди на фризер. Страшно е што епидемијата на канцер се шири како некој вирус, а најтешко ми е што млади заболуваат од таа болест“ вели пејачката.
Пејачката вели дека најголема поддршка и пружале и децата кои исто така биле болни од оваа болест.
„Кај мене доаѓаа деца од четвртиот кат на онкологија, а на тоа одделение се сместени деца од 1 до 16 години. Доаѓаа да ми дадат поддршка, да ме видат…Поради тоа секоја година ги посетувам пред Божиќ, Велигден и Нова година“ вели Мира.
За потсетување, Шкориќ ќе одржи концерт на 22 октомври во Сава Центар.