Живот и Стил

Над еден милион луѓе воодушевени со овој рецепт – лажна лазања со зеленчук (Видео)

Над еден милион луѓе воодушевени со овој рецепт – лажна лазања со зеленчук (Видео)

Овој оброк ќе го направите многу брзо – лајт верзија на популарното италијанско јадење.

Состојки:

– 3 пиперки

– 1 кромид

– пакување печурки

– кесичка со тестенини

– 1 лажичка кари

– 1 лажичка слатка пиперка

– 1 лажичка лук во прав

– сол, бибер

– 1,5 чаши кисела павлака

– рендано сирење

 

Подготовка:

Исечкајте го зеленчукот – пиперките и печурките исечкајте ги на ленти, а кромидот на мали парчиња.

Измешајте ги зачините, па половина од смесата прелијте ја врз зеленчукот и додадете 3 лажици маслиново масло. Промешајте и печете на 200 степени околу 30 минути.

Макароните сварете ги според упатството на кесичката. Процедете ги и измешајте ги со зеленчукот и останатата смеса со зачини и водата во која се вареле.

Измешајте, па додадете ја киселата павлака. Истурете ги во тавата во која сте го печеле зеленчукот и посипете со сирење. Печете на 200 степени околу 15 минути.

На здравје!

To top