Чантата е модниот додаток без кој едноставно не поминува секојдневието на една жена. Мала, голема, кожена, црна, тие доаѓаат во секоја форма и боја, а дамите ги избираат според нивниот личен вкус.
Но, дали некогаш сте размислиле дека начинот на кој ја носите вашата омилена чанта, всушност може да открие многу за вас. Во продолжение пронајдете го вашиот стил на носење и откријте што тоа кажува за вас.
1. На едното рамо.
Вие важите за комуникативна личноста која едноставно обожава да се дружи со останатите и да ги забавувате. Воедно, многу сте искрена и затоа луѓето најчесто ви се доверуваат.
2. На рака
Дамите кои нивните чанти ги носат на рака важат за авторитетни личности кои уживаат во нивните престиж и моќ. Нивнот углед во општеството им е од голема важност.
3. Во рака
Луѓето ве сметаат за одговорна, но и многу самоуверена личност. Исто така, ја претпочитате практичноста и секогаш знаете што е најдобро, во секоја ситуација.
4. Пред себе, во двете раце
Според психолозите, во овој случај станува збор за срамежлива личност и со чантата во ваква положба, се обидувате на еден начин да се заштитите. Не сте претерано дружљубиви, но сте прекрасни.
5. Преку рамото
Никој не може да застане на вашиот пат и вашата слобода. Истовремено ја обожавате сигурноста и ризикот и секогаш се стремите да го реализирате вашиот авантуристички дух.
6. Ранец
Знаете да се грижите за себе, но и обожавате да им помагате на луѓето околу вас. Ништо не може да ве изненади и секогаш сте спремни, иако понекогаш недостатокот на контрола врз ситуацијата ве лути.
7. Не носите никаква чанта
Вие сте многу самоуверени и претпочитате слобода и удобност при движењето, како и во животот. Не сакате да се обврзувате и брзо можете да се адаптирате на секакви услови.
извор: нане