Како што веќе знаете, од многу прехранбени продукти можете да направите хранливи маски за кожа, лице и коса. На врвот од овие продукти се наоѓа маслиновото масло. Кога станува збор за косата, маслиновото масло ѝ дава природен волумен и сјај, а има и регенеративно својство. Погледнете зошто ова масло е одлично за вашата коса.
1. Го намалува првутот
Првутот е резултат на исушена кожа на главата. Ова може да предизвика и други проблеми со површината на кожата на главата. Маслиновото масло ја хидрира и навлажнува кожата, па е одлично во борбата против првутот.
Сувата и безживотна коса е проблем со кој се соочуваат многу жени. Но, маслиновото масло е решение и за овој проблем. Тоа ја навлажнува косата и ќе ѝ го врати волуменот.
3. Косата ќе биде посјајна и поцврста
Маслиновото масло содржи витамини А и Е, како и антиоксиданси кои го зајакнуваат влакното и ја прават косата посјајна. Ова масло е навистина храна за вашата коса.
Редовната употреба на маслиновото масло ќе го забрза растот на вашата коса.
5. Ја омекнува косата
Хидратантните својства на маслиновото масло имаат влијание на квалитетот на