Живот и Стил

На вашето тело му се потребни вода и магнезиум, но ова мора да го знаете

На вашето тело му се потребни вода и магнезиум, но ова мора да го знаете

Веќе сигурно знаете дека дневната препорачлива доза за консумирање вода е од 6 до 8 чаши. Сето тоа придонесува за нормално функционирање на психофизичките функции на телото.

Доколку имате сува уста, жед, вртоглавица или пак главоболка, тогаш потребно е да го хидрирате телото со консумирање на повеќе вода во текот на денот.

Доволната хидратација на телото ќе му овозможи правилно функционирање, додека пак магнезиумот ќе го зголеми нивото на енергија и ќе го намали чувството на исцрпеност.

Магнезиумот претставува минерал без чие присуство реакциите во организмот не се одвиваат во најдобар ред. Препорачливата доза за дневен внес на магнезиум е 300мг за жени и 420 мг. за мажи. Неопходен е за функционирање на нервниот и мускулниот систем.

Заморот и исцрпеноста можат да бидат последица на недоволно внесување на овој минерал.

Високиот крвен притисок, дијабетот, остеопорозата и многу други болести исто така се резултат на недоволно количество на магнезиум во човечкиот организам.

Држете се до препорачаните дози

извор:курир.мк

To top