Радио Милева

„На тој „победник“ му одржав час по пеење“: Македонскиот финалист во „Ѕвездите на Гранд“ ја прозва Џејла Рамовиќ и нагласи дека публицитет и квалитет се различни работи!

„На тој „победник“ му одржав час по пеење“: Македонскиот финалист во „Ѕвездите на Гранд“ ја прозва Џејла Рамовиќ и нагласи дека публицитет и квалитет се различни работи!

Дарко Коцевски-Даринос – еден од македонските финалисти во 13-тата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, кој со својот талент, брилијантен и моќен вокал ги освои симпатиите на членовите на жирито и публиката од регионот, по завршувањето на шоуто им се обрати на своите фанови преку Фејсбук.

Имено тој во своето обраќање вели дека победникот (Џејла Рамовиќ) се знаел од почеток, а сите биле свесни за тоа.

Тој индиректно ја прозва Џејла и порача дека и одржал час по пеење, а публицитетот и квалитетот се две различни работи.

фото:дарко коцевски/фејсбук

Едно големо благодарам до сите што гласаа за мене (3900) гласови, со оглед на тоа дека воопшто не се замарав со тоа кој ќе гласа за мене(не креирав штабови за гласање и слично) зашто веќе се знаеше победникот уште не самиот почеток на ова натпреварување за жал, а сите бевме свесни за тоа… На тој „победник“ јас лично му одржав час по пеење така да публицитет и квалитет се две различни работи, но неважно… Јас лично сум презадоволен од освоеното 10-то место, се надевам и вие кои што гласавте за мене од мојот настап вечерта. А тоа што се случува со мене понатака само Бог ќе одлучи, во суштина одлучува за сите нас без разлика колку ние луѓето форсираме некој за било што во животот… А мене ми преостанува да ви пеам на сите и да ја споделувам мојата емоција со вас драги мои. Како и да е, честитки за победникот! – заврши Даринос во своето обраќање до фановите и оние кои во финалето го дадоа својот глас за него.

Победничката Џејла Рамовиќ важи за повлечена и срамежлива девојка која најмалку сака да биде поврзана во било каков медиумски скандал, а ваквата изјава на Даринос веројатно нема да и се допадне. Но, дали ќе возврати на прозивката или ќе премолчи, останува да видиме…

To top