Со завршување на летниот период и доаѓањето на септември започнаа новите музички и шоу- проекти.
На македонската музичка сцена се врати популарниот музички магазин „Бекстејџ“ и „Ексклузив“, започнаа новите снимања на квиз шоуата, но и нови проекти, емисии.
Додека пак на српската музичка сцена неодамна започна снимањата на музичките шоуа „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“.
Токму во музички натрпевари од ваков карактер има и македонски претставници, а некои од нив дури и победија.
И во двете шоуа има жири, во „Ѕвездите на Гранд“ неколку години по ред е истото жири, додека пак во „Никогаш не е доцна“, одредени членови се менуваат.
Во првата емисија на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“ во улога на судија се најде македонската пејачка Тијана Дапчевиќ која заедно со своите колеги ќе биде на „тешки“ маки и ќе треба да ги оценува кандидатите.
Инаку, ова не е првпат како Дапчевиќ е во оваа улога, се има појавувано и претходно и често е дел од Гранд продукција.
Пејачката го искористи моментот и се фотографираше со водителките на Гранд, Драгана Катиќ и Весна Милановиќ.
Веруваме дека нашата пејачка одлучно се снајде во улога на жири, а наскоро ќе може да го гледаме во првата емисија.