Временстата прогноза вели дека променливото и врнежливо време ќе се задржи на територијата на целата земја, а тоа на некои им одговара, други пак се ужаснати од таквото време.
Поради временските неприлики беа засегнати и некои естрадни уметници кои имаа закажано настапи на отворено, особено сега за Велигден.
Една од нив беше и поп пејачката Теа Трајковска која требаше да пее во градскиот парк во Кочани. Најпрвин ја покани и и’ закажа средба на публиката, а потоа им откажа, но само за локацијата, а забавата поради дождот мораше да биде преместена во еден бар во Кочани.
Теа така фатена во тесно и неизвесно, на пат мораше да тргне, а за секој случај до себе го имаше и својот стилист, ако накисне, да има кој да ја стилизира повторно.
Дождот почна, а Теа колку можеше да спаси од шминката и фризурата, се покри со најлонска кеса на главата.
Ова беше овековечено за спомен од врнежливиот Велигден и настапот во Кочани кој за среќа се случи.
Е сега, публиката можеби го немаше комфорот на отворено и остана потисната, а пејачката накисната, забавата не смееше да трпи.
Едно поинакво доживување, кое на крај сепак излезе со решение, Теа задоволна, а и публиката исто така.
фото:Инстаграм принтскрин/теа трајковска/photos by @cokrevski