Пред две години, на 29 април, Тамара Тодевска на свет ја донесе својата ќерка Хана, која на крајот на месецот ќе наполни две години.
Иако има само уште неколку дена до нејзиниот роденден, малата Хана започна да ги добива првите подароци.
Пејачката на „Инста стори“ сподели видео од преубавото изненадување кое го доби нејзината ќерка, односно Хана доби играчка кола за возење. Кога го виде подарокот Хана беше пресреќна и тргна веднаш да ја проба.