Живот и Стил

На што треба да внимавате ако имате видео-состанок од дома?

На што треба да внимавате ако имате видео-состанок од дома?

Сè повеќе компании им дозволија на вработените да работат од дома, а сето тоа е благодарение на технологијата и на Интернетот. Во последниве денови, сè повеќе луѓе имаат видео-состаноци или повици од дома, кои делумно ја задоволуваат потребата за социјална интеракција. И покрај тоа што состаноците се секојдневие за многумина, малку луѓе се навикнати да ги „пуштаат“ луѓето во своите домови преку телефон или таблет.

Што треба да знаете за видео-повиците од дома?
Облечете се едноставно, но соодветно. Следете ги правилата на вашата компанија кога станува збор за облеката. Некои можеби бараат да бидете облечени како да сте во канцеларија, додека за многумина е прифатливо да се облекувате поудобно, но тоа не значи дека можете да бидете во пижами.

Приспособете го вашиот изглед според личноста со која комуницирате, но не грижете се многу за тоа како изгледате затоа што ова е време кога сите толерираат мали отстапки од строгите правила.

Сите сме заедно во ова
Ако некои вработени се во канцеларијата, сите треба посебно да бидат поканети на конференциските повици за секој учесник да може добро да се гледа. Не сакате некои од нив да имаат мали глави бидејќи тоа ќе ви пречи во текот на состанокот.

Ако дома имате простор за домашна канцеларија, реализирањето на видео-повиците ќе биде полесно, а оние што немаат простор за домашна канцеларија може да имаат видео-разговори на масата во кујната, на софата, па дури и во спалната соба. Меѓутоа, побарајте позадина што нема да им пречи на другите и отстранете ги личните предмети што би ги отстраниле и кога некој ќе влезе во вашата соба, а оставете ги фотографиите и постерите.

Ако со некого се гледате првпат преку видео-повик, не правете го тоа во спалната соба или во креветот опкружени со ќебиња.

Пронајдете добро осветлен агол
Најважно е да можете да им ги видите лицата на луѓето со коишто разговарате. Ако сте во можност, седнете покрај прозорецот, но странично, за лицето да ви биде осветлено.

Претставете ги сите вклучени
Претставете ги сите вклучени на состанокот доколку не се познаваат меѓусебно. Но, придржувајте се до правилата што се применуваат и кога имате состанок во канцеларија, на пример да не гледате во вашиот мобилен телефон или да не се допишувате за време на состанокот.

Ако правите повеќе работи истовремено, покажувате непочитување кон соговорникот. Исклучете ги известувањата и сите други звуци што може да ви пречат.

извор:кафепауза.мк

To top