Иако веќе е лето, а надвор наместо сонце има дожд, тоа не ги спречи луѓето да заминат некаде на одмор, на потопло и на море.
Некои го искористија јуни за да си дозволат кратка пауза од сите обврски и да заминат на освежување и одмарање од секојдневието.
Македонската пејачка Тамара Тодевска заедно со сопругот Александар Димитровски и малата ќеркичка Хана периодов уживаат на семеен одмор кај јужнот сосед, а бидејќи Тодевска е многу активна на социјалните мрежи често ги споделува активностите од одморот.
Таа на „Инстаграм стори“ знае да сподели како нејзината ќерка Хана се игра и ужива или како јаде, а малото девојче изгледа преслатко.



Исто така на својот профил на Инстаграм, Тамара објави фотографија на која е заедно со сопругот и Хана како се капат во морето.
Инаку, Тамара неодамна потврди дека е бремена со своето второ дете, па затоа во описот на фотографијата напиша: 3 + ½ мислејќи на неа, нејзиниот сопруг, Хана и новиот член кој за неколку месеци ќе биде дел од нивното семејство.
фото:инстаграм