Поп пејачката Сања Лефкова која заедно со сопругот и децата веќе неколку години живее во странство, има нова песна која ја изработи во периодот додека престојуваше во Македонија.
По последната „Pочеток и крај“ која ја објави во 2018 година, Сања по двегодишна пауза повторно влезе во студиото на Александар Масевски кому ја препушти целосната доверба за музика, тект аранжман и продукција на „Don’t’t you get it“, која недно е прва што ја пее на англиски јазик.
-Конечно мојот сон уште од дете се оствари. Сега можете да ја слушнете мојата прва песна на англиски јазик. Се надевам дека песната ќе допре до вас, пишува Сања на својот Фејсбук.
Погледнете: