Рада Манојловиќ важи за една од најуспешните пејачки во регионот која зад себе има успешна кариера и многубројни хитови, а нема викенд кога не настапува.
Неколку пати досега Рада истакнуваше дека Драгана Мирковиќ и е идол и дека би сакала да има барем половина како нејзината кариера.
Тие често имаат прилика да се сретнуваат на разни снимања, а овој пат Мирковиќ и Манојловиќ се дружеа во авион додека летаа за на настап и ги израдуваа фановите со заедничка фотографија.
Фановите на овие две пејачки сакаат да снимаат дует, па на социјалните мрежи направија анкета за да се гласа дали се или не за дует.
Оваа анкета ја сподели и самата Манојловиќ, па дали наскоро двете ѕвезди ќе ги вкрстат гласовите останува да видиме.
Инаку, Рада неколку пати досега истакна дека би сакала да сними песна со својот идол, па дали овој сон ќе и се исполни останува да видиме.