Здрав живот, здрава храна, многу вежбање или едноставно стил на живот кој е примарен во животот на ТВ водителката Снеже Велков, но дури и со такво здраво темпо, организмот не е челик и знае да потфрли.
Снеже очигледно е кревка по прашање на имунитет, па тешко глава да крене од вируси и херпеси кои ја напаѓаат.
Сега, повторно којзнае по кој пат таа се пофали на социјалните мрежи дека ја нападнал вирус, а со него и херперс.
Нашата архива вели дека на Снеже херпесот и е чест гостин, само менува позиција на кој дел од усните ќе реши да нападне.
Сепак, овој непријател не успева во својата саботажа, па водителката не дозволува работата да трпи.
Имуно стимулански, разни масти и секако шминка изведена од вешт професионалец, се решението за да може таа да се појави пред камери.
Откако направија успешна камуфлажа, Снеже се снајде во хаосот од високи потпетици, камерите се вклучија, а „Нешто конкретно“ можеше да започне со снимање.
Веруваме дека Снеже ќе си го најде чарето и вистинскиот лек кој ќе ја поштеди од оваа болна непријатност.
фото:Инстаграм принтскрин/Снеже Велков