Македонската водителка Снеже Велков ако не ја гледаме во емисијата „Вип на еден ден“ каде што преоритет е физичкиот изглед на учесниците, тогаш може да ја гледаме во улога на фитнес инструкторка во сала за вежабање.
Меѓутоа, од неодамна Снеже прави пауза и од физичките активности бидејќи имаше повреда на коленето, па токму тоа и беше единствена желба за 2020 година: „Да и оздрави коленцето“, за да се врати во салата каде што се чувствува како дома.
Меѓутоа, изгледа на „проблемите“ на Снеже им нема крај, па повторно доби „напумпани“ усни.
Имено, додека многу јавни личности незадоволни од својот физички изглед подлегнуваат под нож за да направат некоја естетска промена, да стават силикони, „напумани“ усни и слично, Велков си е задоволна од својот физички изглед.
Таа редовно ја одржува линија во сала, а води грижа и да се храни здраво.
Меѓутоа, понекогаш може и да ни се случат непријатни ситуации, а овој пат таков беше и случајот со Снеже која доби „напумпани усни“. Но, ако помисливте дека фитнес инструкторката замина под нож и направи естетска корекција, се лажете.
Станува збор за херпес кој така ја „нападнал“ водителката што изгледа токму како да ги коригирала во усни на модерното време.
Ова не е првпат да и се случува вакво нешто на Велков, а овојпат на социјалните мрежи напиша:
„Еве ме пак. Херпес тајм. Силиконот пуштен на најјако“ напиша финтес инструкторката во кратктите приказни на „Инстаграм“.
Се надеваме дека на Снеже непосакуваните „напумпани“ усни набргу ќе заминат во заборав.