Старите добри времиња… По нив сите копнееме… Ги паметиме, се сеќаваме, раскажуваме, се потсетуваме… И заради тоа што тие биле времиња на нашата младост, но и заради тоа што реално, вистински и многу поубаво се живеело. И заради стандардот, но и заради дружбата, другарството, искреното пријателство, сочувството, емпатијата… Заради сето она што се нарекува живот! Вистински, достоинствен, искрен, реален… А не како денешниов „крпен живот“, лажен, манипулаторски, бескруполозен, криминален, виртуелен, само од полза… Или просто кажано – „имитација на животот“ наместо вистински живот!
Старите фотографии се еден од наједноставните начини да се сетиме токму на убавите времиња. И покрај појавата на дигиталната технологија, сите ние се’ уште ги чуваме, некaде во некоја фиока, куферче, на некоја полица… Како ковчег со благо од „златни спомени“ на нашаето детство, младоста, убавите години, старите добри времиња… А по тоа ковчеже во кое се спакувани најубавите спомени од нашите изминати години, не ретко знаеме да посегнеме и да извадиме по некоја фотографија за да ја ублажиме сопствената носталгија или да се потсетиме колку убаво сме живееле.
Овој пат истотот го направи ја и некои од познатите македонски личности или поточно две естрадни фаци. Обајцата школувани музичари, кои некогаш свиреле на исто место во ист бенд, денес секој од нив засебно позната македонска поп ѕвезда. Секој од нив пејач со кариера, грст хитови, дузина награди, многу настапи, концерти…
На старата подизбледена слика едниот свири виолина, а другиот хармоника. Денес обајцата не ги свират своите инструменти, но затоа се познати популарни по своите песни.
Ако се’ уште не ги препознавате, еве да ви откриеме. На оваа ретро фотографија снимена пред еден нивни настап во Битола прд 21-на година се денес познатите македонски поп пејачи Димитар Андоновски и Влатко Лозаноски – Лозано.
На сликата, првиот на виолина, а вториов на хармоника на некогаш нивниот заеднички настап, денес на нивното патување низ спомените од годините што изминале.
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Lozano – Vlatko Lozanoski/dimitarandon