Српскиот пејач, Саша Ковачевиќ, со последната објава на Инстаграм им ги скрши срцата на армијата обожавателки.
Пејачот на својот профил на Инстаграм објави две фотографии со кои и го честита роденденот на својата девојка Зорана, а истите направија бура од реакции во јавноста.
-Ти правиш мојот свет да сјае 365 дена во годината.Среќен роденден!- пишува тој во роденденската честитка.
Саша и Зорана се неколку години во врска, а пред неколку месеци во едно интервју пејачот како да наговести дека ќе заплива во брачните води, па оттука се поставува прашањето, дали по ваквата честитка за роденден, следно е предлог за брак?
фото:Instagram printskrin/инсатграм/ск медиа