Јелена Карлеуша важи за една од најпопуларните пејачки, а малкумина знаат со што се занимавала пред да стане популарна.
Јелена првпат настапила на 16 години со својата прва песна „Огледалце“.
Пред да стане позната, Јелена била придружен вокал и снимала реклами имитирајќи го гласот на познати личности.
Така Јелена го заработила својот прв хонорар.
Денес, Карлеуша е една од најпознатите пејачки во регионот која прави спектакл каде и се појави.
Исто така е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ каде е ментор на неколку кандидати, меѓу кои и Македонци.