Радио Милева

На Марија Шерифовиќ и се исполни детскиот сон: Еве која позната ѕвезда ќе пее на нејзиниот концерт!

На Марија Шерифовиќ и се исполни детскиот сон: Еве која позната ѕвезда ќе пее на нејзиниот концерт!

Пејачката Марија Шерофовиќ на 24 мај ќе одржи солистички концерт во „Штарк Арена“, а пред самиот настан таа истакна дека и се исполнил детскиот сон.

Имено, Марија беше гостинка во емисијата „Гранд специјал“, а на прашањето дали ќе има гостин на концертот таа одговори:

„Па, сега кога ме прашуваш….Ова можеби ќе биде мој најголем телевизиски блам, ако не испадне како што сакам. Дали ти Лепа Брена како најголема ѕвезда сакаш да ми бидеш гостинка на мојот концерт?“, директно Марија ја праша пејачката.

Брена одговори потврдно и прифати да отпее неколку песни на концертот на некогашната победничка на Еврвовизија, по што Марија се израдува и почна да скока од среќа.

А Марија и н својот Инстаграм профил се пофали дека и се исполнил детскиот сон.

To top