Хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ почина во недела во болницата во Сплит. На пејачот пред една година му беше дијагностицирано рак на белите дробови, а по едногодишно лекување Драгојевиќ ја изгуби битката.
Неговото семејство е неутешно поради смртта на пејачот, а со него биле до последниот момент.
Најстариот син на Оливер, за хрватските медиуми вели дека борбата со болеста била тешка.
„Професорот Врдољак кој го водеше лекувањето на Оливер е најдобар во Европа, но болеста беше посилна. Им благодарам на сите, тие луѓе имаат тешка работа, изјави Дино Драгојевиќ.
Тој истакна дека семејството било покрај пејчот.
„Беше полошо и полошо, а на крајот само заспа. Немаше болки, ниту се мачеше. Погребот ќе биде во Вела Лучи бидејќи тоа му беше желба, а ќе има испраќање и во Сплит, изјави синот на пејачот.
Инаку, Оливер ќе остане запамтен по многубројни хитови меѓу кои: „Опрости ми папе“, „Скали нада“, „Надалина“, „Цесарица“, „Молитва за Магдалену“, „Без тебе“, „Вјеруј у љубав“, „А кад ми доѓеш ти“…!