Како што најави пред концертот, Здравко Чолиќ навистина го „запали“ Задар. Во целосно распродадената најголема спортска сала во Задар, неговото музичко патување из времето и песните од неговата богата кариера траеше повеќе од три часа, во кое изведе дури 46 песни. Тоа беше неговиот најдолг концерт кој го памети затоа што публиката, скандирајќи и навивајќи, буквално не му дозволи да се симне од сцената.
Од првите редови легендарниот Чола добил рози и многу други букети со цвеќиња, но во еден момент на главата му долетал невоопбичаен „женски сувенир“. Розов градник со позамашна величина од една „запалена дама“, по што морал да престане да пее на некое време – не можејќи да се воздржи и запре од смеење.
Ова и не треба да чуди, бидејќи Чола оддамна е познат како голем миленик на жените. Мајки, ќерки, баби… Во публиката можеа да се забележат дури три генерации дами кои уживаат во безвременските хитови на својот идол, а особено емотивна беше атмосферата за време на изведбата на безвременските балади како „Една зима со Кристина“.
„Не верувам дека во животот постои некоја работа или професија што толку делува како еликсир на младоста како пеењето пред публика“, истакна Чолиќ пред концертот, а кога магичната задарска ноќ заврши со познатата песна „Ти си ми“ у крви“ и самиот беше видно возбуден и импресиониран.
Фото: Nenad Opačić