Радио Милева музичка „едукација“

На концертот за Тоше, Хана беше ѕвезда во бекстејџот: Ева како и зошто, тета Тијана и „Фрајле“ го „бркаа штркот“ (ВИДЕО)

На концертот за Тоше, Хана беше ѕвезда во бекстејџот: Ева како и зошто, тета Тијана и „Фрајле“ го „бркаа штркот“ (ВИДЕО)

Петочниот концерт во чест на Тоше Проески на сцената на ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје донесе дузина познати македонски и регионални музички ѕвезди кои ги изведуваа неговите песни. Тие настапија во негова чест и сеќавање на големата прерано згасната музичка ѕвезда заедно со публиката во салата.

Тоа беше она што од преубавиот амбиент во поланата арена можеше да се види. Но она што е ексклузивитет,  а доаѓа од поширокото семејсво Тодевски, е она што само малкумина имаа можност да го видат во бекстејџот на ВИП Арената.

Таму неколку од музичките гости на вечерта, од кои меѓу нив една горда тетка, уште погорда и трудна мајка и ТАА… ѕвездата на бекстејџот: ќерката на Тамара, малата Хана!

Дали таа вечер немаше кој да ја чува или мама и тета намерно сакаат Хана уште од мали нозе да го „пече занаетот“, за утре да може полесно да зачекори по нивните стапки – не е познато. Она што е познато е намерата на сестрите Тодевски и нивните колешки и пријателки од женскиот квартет „Фрајле“: Како полесно и од поблизу, на интересен, довитлив начин да ја подготват малата Хана за доаѓањето на свет на нејзиното братче.

А како поинаку, ако не со песна… За полесно да сфати дека љубовта не ја има само во бајките, а „децата не ги носи штркот, туку ги раѓаат мајките“! 

И според приложеното од постираното видеоклипче, очигледно дека успеале да и објаснат… Ним тој дел од приказната веројатно им е оддамна јасен… Уште од првиот „настап на штркот“!

 

To top