Прстот или прстите на кои најчесто носите прстени можат многу да кажат за вас како личност. Токму затоа одберете го оној прст (или прсти) каде што најчесто имате прстен и дознајте нешто повеќе за себе…
Палец
Вие сте отворена, весела, забавна и енергична личност која ужива во животот и секогаш е подготвена за нови искуства. Вие сакате сè што е модерно и секогаш ги следите најновите модни трендови. Не сте срамежливи и уживате да бидете во центарот на вниманието, особено кога другите ве фалат.
Показалец
Вие сте многу самоуверена и одговорна личност. Одлично се снаоѓате во улогата на водач и сакате да ги водите другите луѓе. Можеби делувате како силна и ладна личност, но под таа „челична“ површина се крие нежен и чувствителен карактер кој ужива и во најмалите детали и токму ова ве прави естет.
Среден прст
Луѓето кои носат прстен на средниот прст одбиваат да пораснат и најчесто се себични и тврдоглави. Но, тие се секогаш искрени и грижливи, особено кон семејството и пријателите. Поради вашите детски карактерни црти вие знаете да ги „полудите“ блиските, но тие истовремено ви даваат и еден вид шармантност.
Домал прст
На овој прст се носи бурмата, но доколку не сте во брак и сепак носите таму прстен тоа значи дека сте чувствителна и романтична личност. Љубовта е за вас смислата на постоењето и силно се надевате дека ќе пронајдете личност која ќе ви го стопи срцето и со која вечно ќе бидете заедно.
Мал прст
Вие сте нежна, скромна и прецизна личност. Може да се каже и дека сте перфекционист бидејќи обрнувате внимание и на најмалите детали и сакате да работите без грешка во својата работа. Луѓето кои носат прстен на малиот прст исто така често се и зависници од својата работа, но тие не се водени од амбицијата туку од внатрешното задоволство кое настанува од признанијата на другите луѓе.
Повеќе прсти
На оние кои носат прстени на 4 или 5 прста им недостасува самодоверба, па токму затоа оваа несигурност се обидуваат да ја скријат со „накитен“ изглед. Тие се во вечна потрага по вистинска љубов и сакаат луксузни работи, но тие не можат да им бидат замена за пријателите и романтичната љубов.
Доколку не носите прстен
Вие сакате да водите едноставен живот без непотребни декорации. Вие сте искрени, полни со самодоверба, мирољубиви, паметни, грижливи и секогаш подготвени за учење нови нешта. Склони сте да се повлечете од толпата, како и да избегнувате конфликти кога тоа е можно.
извор:kurir.mk