Понекогаш, не знаеме како да ја послушаме нашата интуиција и затоа од голема важност е да ги развиеме нашите интуитивни вештини. Во продолжение прочитајте како да ги разберете вашите желби, емоции и чувства со помош на интуицијата.
1. Анализирајте ги вашите ставови
Позитивните ставови го помагаат личниот раст и развој, а негативните го попречуваат. Важно е да се ослободите од контрапродуктивните ставови што можеби и не сте ни свесни дека ги имате.
2. Послушајте ги знаците што ви ги испраќа вашето тело
Вашето тело е сложен, чувствителен и интуитивен рецептор. Имајќи го тоа на ум, ќе ви биде полесно да се поврзете со вашата интуиција. Доволно е да не ги занемарувате раните предупредувачки знаци што ги испраќа вашето тело.
3. Почувствувајте ја суптилната енергија на вашето тело
Нашето тело не е составено само од крв и месо туку и од посебна енергија која во кинеската медицина се нарекува „чи“. Секој дел од телото претставува посебно енергетско поле кое има значително влијание врз нашето здравје. Затоа, од големо значење е да ја препознаеме таа енергија и да научиме како да воспоставиме рамнотежа. Тоа ќе ни помогне и на патот кон нашето духовно исцелување.
4. Нека интуицијата ви биде водилка
Секој од нас поседува интуитивен глас кој содржи одговори за нашето исцелување. Доволно е да му посветиме само неколку минути секој ден. Освен тоа, со помош на медитацијата, тивкото размислување, молитвата и поврзувањето со природата, можеме да добиеме одговори за нашето здравје.
Откако прочитавте како да ја развиете вашата интуиција, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги разликувате стравот и интуицијата.
Извор: themindsjournal.com/кафепауза.мк