Каков венчален фустан треба да носите на вашиот голем ден, врз основа на хороскопскиот знак за да бидете токму она што сте
Дизајнерот Reem Acra вели: “Јас секогаш ги прашувам моите невести, која сте и што сакате да покажете?” И во право сум. Вашата венчаница кажува многу за вас.
Тука е листата на идеи за невестински изглед кои се прилагодени на вашиот хороскоп. Се разбира, слободни сте да одберете и нешто што не е пропишано подолу.
Овен
Вие сте тип “прв”, пред сите други, кој секогаш сака да направи нешто оригинално и кул, како на пример, да носи панталони на својата свадба. Вашата одлучна и смела личност е совршена за панталони. Кој има време за целиот оној материјал на фустан!?
Бик
За некој што е сензуален како вас, трендот на откриени рамена кој е сега актуелен ќе биде совршен за вашата свадба. Не само што сте романтични, туку вие исто така, сакате убави работи, и ќе изгледате неверојатно згодно со голи рамена и со ткаенина набрана по должината на раката.
Близнаци
Воопшто не е лошо што понекогаш да имате две страни. Тоа само значи дека на денот на венчавката можете да имате повеќе работи. Облечете фустан кој е променлив, токму како вие. Асиметричен фустан- однапред краток, одзади долг, или со одвоено здолништето од горниот дел, “кабриолет” здолниште.
Рак
Има нешто традиционално во вас, па што може да биде повеќе невестинско од едно убаво срцевидно деколте? Кога вашата мајка, татко, а особено вашиот брачен партнер ќе ве видат за првпат на денот на вашата свадба, се очекуваат солзи.
Лав
Океј, Г-ѓа Центар на вниманието: Потребно ви е најдраматично влегување пред да зачекорите по патеката со звуците на свадбената мелодија. Зошто би било поинаку? Одберете фустан со наметка, за да бидете како супер херој, или фустан со огромна панделка. Што и да правите, сите очи ќе бидат вперени во вас.
Девица
Вашето око за детали доаѓа до израз и на вашата венчаница. Ништо не ќе ве одушеви повеќе од наметка со комплициран вез или тантела. Ова е напорна работа за шивачките што треба да направат таков фустан, но дефинитивно, тоа е фустанот што ќе го сакате.
Вие и невестинската облека сте спој направен од ѕвездите. Сакате нешто што е ултра женствено и убаво, што значи дека има безброј опции за вас кога станува збор за свадбен фустан. Изобилство од цвеќиња и деликатна тантела е она кон што ќе гравитирате.
Скорпија
Вие сте полни со желба: за брак, за лицето на кое што ќе му кажете “да”. Има толку многу работи што ги сакате, вклучувајќи топла облека, затоа што сте топла невеста. За среќа, постојат толку многу супер- секси венчаници на пазарот, така што не ќе биде тешко да се најде некоја токму за вас.
- Стрелец
На животот гледате како на долго патување што ќе ве однесе од едно неверојатно место до друго. И кога ќе се соберат вашите најблиски и најмили да бидат сведоци на еден од најдлабоките моменти од вашиот живот, вие ќе сакате да го направите тоа во некое далечно и посебно место. Вашата страст за патувања ве полни со одлични вибрации. Нека ветерот ве понесе во вашето развеано, прозрачно здолниште.
Јарец
Не ви требаат никакви набори на вашата свадба. Вие не сте тоа, туку приземјена личност, нели? Запомнете, Кејт Мидлтон е Јарец. Посветена на целта. Значи, облечете современ фустан со рамни, чисти линии.
Водолија
Бидејќи се трудите повеќе отколку другите луѓе да не се уништува животната околина, вам ви одговара фустан од еколошки материјал. Свадбата може да биде толку расипничка – од цвеќиња, украси и многу други работи за еднократна употреба. Или пак изберете vintage стил – можеби фустанот на вашата мајка не е толку лош…
Риби
Разиграни: тоа сте вие – поспани, непредвидливи и романтични, се разбира. Тоа треба да дојде до израз во вашиот фустан, па што може да биде подобро од фустан со многу материјал, како водопад?
- Извор: Интериор.мк