Радио Милева ријалити циркузот продолжува и надвор од шоуто?

На бремената Луна Ѓогани, Марко Миљковиќ и го направи, ама Слоба Радановиќ ќе и го „крсти“ детето: Таа сака да му даде име на бебето што и го одбра бившото момче во „Задруга 2“!?

На бремената Луна Ѓогани, Марко Миљковиќ и го направи, ама Слоба Радановиќ  ќе и го „крсти“ детето: Таа сака да му даде име на бебето што и го одбра бившото момче во „Задруга 2“!?
Луна Ѓогани  на бебето што ќе му го роди на Марко Миљковиќ решила да му  даде име што го смисли со нејзиниот поранешен љубовник од „Задруга 2“, Слобо Радановиќ! Победничката на „Задруга 2“ во неделата објави дека е бремена, а веќе има список со имиња за детето. На таа листа се истите што ги планираше во реалното шоу додека беше во љубовно-швалерска врска со фолкерот Радановиќ.
„Ми се допаѓа името Лука за момче затоа што сакам кратки имиња. И на Марко му се допадна! Долго разговаравме за тоа и се согласивме“ – рече Луна, која меѓу предлозите за женски имиња  внесе и едно што требаше да и се даде доколку одтанеше бремена со Слоба, кога беа заедно:

„Би сакала бебето, ако е девојче, да се вика Миа. Покрај тоа, ми се допаѓа Лана, Хана … Кратко и невообичаено име. Како моето“.

На забелешката на новинарите дека ги избрала истите имиња – Лана и Миа како и кога беше со Слоба Радановиќ, таа правдајќи се, кратко објасни:
„Нема никаква врска со Слоба, иако разговарав и со него за тие имиња“.

Интересно е што овие имиња додека беа заедно во „Задруга“ всушност ги избра самиот Радановиќ, а Луна се согласи само со неговиот избор. Иако во тоа време турбофолкерот беше оженет за Кија Коцкар, тие зборуваа за бебе во реалното шоу.

„Ми се допаѓа машко име Лука … Од женските, Миа ми е убаво“ – рече тогаш Слоба, на што Луна додаде:

„Ина мене! Ќе ти родам бебе! Можеби ќе бидат близнаци, момче и девојче“ – говореше своевремено Луна.


Бидејќи не се оствари нејзиниот сон на Слоба да му роди близнаци, по раскинувањето со Слобо, Луна најде утеха во Марко Миљковиќ. Таа се забавуваше со него во втората сезона на популарното реално шоу „Заадруга 2“, врска која беше проследеноа со многу контроверзи и скандали. Во неделата пред камерата таа му соопшти дека е бремена. Луна го снимала својот вереник во моментот кога му го дала тестот за бременост во рацете, а видеото го објавила на заедничката платформа „Сиктер тјуб“.
To top