За познатата фолк пејачка Анета Љумаковска екс Мицевска, промените во секој поглед и станаа секојдневие.
Стави крај на бракот, почна да настапува сама, а и со други музичари освен членовите и долгогодишни колеги од „Молика“, ја смени фризурата, а сега така лесно адаптибилна на новото, се реши да смени уште нешто на себе.
Анета е позната како жена која ја негува модната елеганција, но по ново решила да избере имиџ некарактеристичен за нејзиниот моден израз.
Па така, Анета сега умее храбро да избере помладешки комбинации, почна од пократката фризура, па продолжи со спој на рокерски и помладешки комбинации.
Од нејзините најнови објави ја видовме во црна куса рокерка, црни панталони со впечатливи ремени и топ маичка на пруги од која и ѕирка голиот стомак.
Дека е во тој моден фазон, покажа и со уште еден сличен избор од кој во фокус беа необичните џинс панталони или чизми со ремени кај колената.
Навикнати да ја гледаме во елегантни дамски комплетчиња, ваквиот избор е освежување и изненадување на кој Анета очигледно лесно се прилагодила така самоуверено да го носи.
Како ви се допаѓа новата Анета Љумаковска?
фото:Инстаграм принтскрин/Анета Љумаковска