За пејачот Ацо Пејовиќ оваа година беше една од најтешките во неговиот живот. Тоа го потврди и при неговото гостување во ТВ емисијата „Премиера – Викенд специјал“, каде ја отвори душата рас и раскажа колку му е истата ранета, а срцето скршено од болка.
„Ова е емисија во која не треба да зборувам за лоши работи, но ова беше најлошата година во мојот живот досега, исто како и кога сопругата ми беше болнаЈа изгубив мајка ми, изгубив пријател, брат и менаџер кој беше со мене 15 години.Ова се работи што се случуваат со некоја сакана и почитувана личност, ненадејно и неочекувано. Мајка ми замина за пет дена, не знаејќи што и е и што и се случи!? На нејзиниот погреб, истиот човек беше до мене да ми пружи утеха, да ми изрази сочувство и потоа… Еден месец подоцна и тој замина, не напушти, почина од Ковид – 19. А, мајка ми не настрада од короната.
Ова се сериозни удари, јас бев и се’ уште сум целосно разнишан.При раѓање го примаме крстот кој го носиме. Мислам дека судбината не постои, многу пати сум размислувал за тоа “ – рече Ацо во емисијата „Премиера – Викенд специјал“.