Радио Милева се чувствувам најсилна

Музичка честитка: Eлена Велевска роденденски запеја заедно со децата и без комплекси откри колку години наполни (фото + видео)

Музичка честитка: Eлена Велевска роденденски запеја заедно со децата и без комплекси откри колку години наполни (фото + видео)

Денот кога сме се родиле, роденденот го славиме еднаш во годината. Токму родендените може да бидат повод да се соберат пријателите, роднините за да слават заедно со славеникот.

Поради пандемијата со коронавирусот која трае повеќе од година ипол, оние кои се навикнати да прават роденденски големи прослави, овојпат мораа да ги одложат или да прослават во кругот на семејството.

За многу жени годините се само бројка, а со текот на времето тие стануваат се позгодни, поубави, поривлични.

Иако се вели дека дамите не се прашуваат за годините,  ретко ќе слушнете некоја припадничка на понежниот пол која како од пушка кажува колку години наполнила.

Таков не е случајот со македонската пејачка Елена Велевска. Имено, таа досега кога и да славела родеден јавно открива колку години наполнила и без комплекси ја кажува бројката.

Така, деновиве Велевска славеше роденден, а ја доби и својата најубава, музичка роденденска честитка.

Имено, пејачката на својот „Фејсбук“ објави видео на кое пее  роденденска песнча заедно со своите деца, Софија, Марко и Калија.

Таа на својот „Инстаграм“ исто така објави фотографија со своите наследници, а во описот напишa: „Среќниот човек е како сонце каде оди се осветлува“, напиша таа.

-Драги пријатели,од срце ви благодарам за прекрасните честитки и за вашата поддршка сите овие години.Имајќи ве вас се чувствувам најсилна!

Инаку, Велевска наполни 41 година и сењ заблагодари на сите за честитките.

За потсетување, претходната година за неа беше многу бурна. Имено, таа потврди дека се развела од сопругот, а децата моментално живеат со него во Охрид. Пејачката ја започна и својата борба за старателството над децата.

фото: Инстаграм/елена велевска/фејсбук

To top