Морскиот мраз во северна Алјаска исчезнал многу пред вообичаеното оваа пролет, што ги вознемирило жителите на брегот кои се потпираат на дивите животни и рибите.
Мразот се стопил по многу топлите температури на океаните, известил “Anchorage Daily News”, пренесува “AP”.
Раното топење е лудо, изјавила Џенет Мичел од Кивалајн, Алјаска.
Ловците од нејзиното семејство на почетокот на јуни патувале со брод повеќе од 80 километри за да пронајдат брадести фоки на мраз. Претходно брадестите фоки можеле да се ловат веднаш надвор од селото, но морскиот мраз се оддалечил далеку на север.
“Не знаевме дали ќе имаме храна за во зима. Тоа беше страшно”, рекла Мичел.
Рик Томан, климатолог од Центарот за климатска процена и политика на Алјаска на Универзитетот Алјаска, минатата седмица на социјалните мрежи објавил дека северното Берингово море и јужното Чукотско море “се печат”.
Температурата на површината на морето минатата седмица била дури пет степени Целзиусови над просекот од 1981-2010-та година, со ефекти на климатскиот систем, храната, заедницата и трговијата.
Последните пет години се бележат најтопли температури на морската површина во регионот, што придонело за рекордно ниско ниво на морски мраз.
извор:точка.ком.мк