Младата актерка Наја Ривера пред неколку дена беше пронајдена мртва во езеро во Калифорнија, каде според полицијата таа успеала да го спаси четиригодишното синче, но не и себе.
Телото на актерката Наја Ривера беше пронајдено на 13-ти јули, точно на денот на 7-годишнината од смртта на нејзиниот колега од серија „Glee“, Кори Монтеит.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/soopshteni-rezultatite-od-obdukcijata-na-holivudskata-akterka-koja-se-udavi-pred-4-godishniot-sin/
Инаку, нејзиниот колега Монтeит се предозирал во хотелската соба во Ванкувер во 2013-та година. Обдукцијата покажала дека го убила смртоносна комбинација од алкохол и хероин. Четири месеци претходно излегол од клиника за одвикнување.
Во тоа време сè уште траело снимањето на серијата, а ликот кој што го толкувал Монтеит требало да се врати во серијата.
Од вчера на социјалните мрежи се шири сцена од серијата во која што Наја му пее посвета на Фин, односно Кори.
Освен што насловот на песната е „If I Die Young“, сега звучи уште попотресно, стиховите во кои што се спомнува реката многу повеќе потсетуваат на трагичната судбина на актерката отколку на Кори.