Живот и Стил

Морате сериозно да ги сфатите: 5 знаци кои ве предупредуваат дека вашиот имунитет е загрозен

Морате сериозно да ги сфатите: 5 знаци кои ве предупредуваат дека вашиот имунитет е загрозен

Нашиот имунолошки систем е всушност армија на клетки кои се борат против бактериите и вирусите, за да бидеме здрави. Многу фактори можат да го загрозат имунитетот – стрес, недостаток на сон, некои лекови и одредени болести, но кога ќе се случи тоа, телото знае што треба да прави.

Освен тоа, кога имунолошкиот систем се бори против нешто и кога е загрозен, тој ќе ви испраќа различни сигнали, а ова се некои од нив:

Постојано сте уморни
Уморот е чест симптом на некои автоимуни болести каде што поради нарушувања во функционирањето, имунитетот напаѓа здрави ткива и органи. Автоимуните состојби предизвикуваат премногу активен имунолошки систем кој гледа закана и таму каде што ја нема. Ако сте уморни без очигледна причина, како вирус, настинка, недостаток на сон или премногу работа, тоа може да биде сигнал дека имунитетот се мачи да одговори на заканата.

Рацете ви побелуваат на ладно
Проблемите со циркулација може да бидат поврзани со дисфункција на имунолошкиот систем. Доколку рацете лесно ви побелуваат на ладно, тоа значи дека немаат доволен проток на крв, а тоа може да се поврзе со некои состојби и нарушувања на имунитетот. Исто така, оваа претерана чувствителност на ладно може да се манифестира и на носот, ушите и прстите. Се нарекува Рејноов феномен, а може да биде сигнал на некои автоимуни заболувања како што се лупус или нарушувања на тироидната жлезда.

Кожата ви е црвена и ве чеша
Кожата е една од првите одбранбени линии кога патогените се обидуваат да влезат во телото. Ако кожата одеднаш ви станува црвена и ве чеша, а не станува збор за осип, дерматитис или алергиска реакција, тоа може да е знак дека вашата кожа реагира на некои закани во опкружувањето.

Тоа може да биде и симптом на хиперчувствителност, кога телото развива нови алергиски реакции на нешто. Во тој случај, имунолошкиот систем се мачи да ги разликува заканите и реагира на потполно безбедни супстанци како на закана, вели д-р Ана Фелдвег. Резултат на тоа е воспаление на кожата и црвенило.

Ви се јавуваат нови алергии или исчезнуваат старите
Тоа особено може да биде случај кај луѓето кои имаат примарна имунодефициенција, односно вродено нарушување на функцијата на имунолошкиот систем.

„Имунолошкиот систем мора да знае како да престане да се бори против некои инфекции, а кога да „сфати“дека воопшто не станува збор за инфекција. Затоа, ако еден дел од имунолошкиот систем не работи како што треба во борбата против инфекцијата, можно е да не може ни да го спречи нарушувањето на функцијата на другиот дел од имунолошкиот систем“, велат од американската Фондација за имунолошка дефициенција.

Меѓутоа, постои и друга страна на приказната. Ако вашиот имунолошки систем е инаку здрав, но моментално е загрозен, тоа може да ги намали алергиските реакции. Ослабените алергиски реакции исто така можат да бидат знак на ослабен имунолошки систем.

„Како што имунитетот слабее, така слабеат и хипералергиските реакции“, вели д-р Ентони Веидо, што значи дека кога е загрозен имунитетот, слабеат и алергиските реакции.

Ако напролет имате помала реакција на полен, на кој сте инаку алергични, а често сте настинати, тоа е знак дека имунитетот не ви е баш во најдобра состојба.

Инфекции кои одново се појавуваат
Никако да се ослободите од некои габични инфекции? Или можеби постојано ви се појавува херпес? Хроничните инфекции се чести кај луѓето кои имаат имунодефициентни нарушувања бидејќи телото не може да се ослободи од бактериите или од поттикнувачите кои предизвикуваат инфекција. Поради тоа, инфекцијата постојано се враќа.

Доколку имате некои од овие симптоми, секако би било најпаметно да одите на доктор и да проверите што го спречува вашиот имунолошки систем да работи како што треба. Во меѓувреме, обидете се да го зајакнете имунитетот со здрава исхрана, физичка активност, спиење, но и со тоа што редовно ќе ги миете рацете и ќе одржувате хигиена.

извор:точка.ком.мк

To top