Живот и Стил

Моника Белучи во изглед од „милион долари“: И во панталони е совршенство без мана

Моника Белучи во изглед од „милион долари“: И во панталони е совршенство без мана

Брендот за луксузен накит „Картие“ неодамна ја презентираше новата колекција „Coloratura“ во „Лувр“, а меѓу гостите се најде и италијанската актерка Моника Белучи.

Таа со својот моден избор го привлече вниманието на присутните и медиумите, а причината беше црвеното брокатно одело со потпис на „Долче и Габана“.

Оделата се ретко нејзин избор, но одлично ѝ прилегаат. Токму во одело зачекори на пистата на ревијата на споменатиот бренд при презентацијата на машката колекција минатиот месец.

Овој пат, 53-годишната убавица струкираното долго палто и тесните панталони ги искомбинира со едноставна црна маица, црна плик-чанта и чевли во црвена боја. На сето тоа, имаше и впечатлив ѓердан, секако од „Картие“ кој функционира со севкупната комбинација.

Инаку, „Картие“ го искористи крајот на неделата на Висока мода за есен 2018, да ја прикаже новата колекција инспирирана од боите, во присуство на специјални гости, амбасадори на брендот и медиуми, па освен Моника Белучи забележано беше и присуството на Наоми Вотс, Фрида Пинто, Бланка Брандолини и други…

извор:fashionel.mk

To top