Онака ако што „како гром од ведро небо“ Антониа Гиговска ја изненади јавноста со своите „љубовни претумбации“ во врската со Иван Јованов, која на крајот како што е познато заврши како што заврши, а Антонија заврши во брак со неговиот бивш другар, музичарот Роберт Спасенцоски со кого подоцна го доби синчето Киан, така изнендувачки дојде и последната вест дека сега пејачот на Либеро бенд, „преку ноќ“ ќе стане татко!!?
Имено, Иван Јованов сите, освен најблиските, неочекувано ги изненади откако на својот Инстаграм деновиве објави видео и фото сегменти од забавата за откривање на полот на бебето кое очекува да го добие со неговата нова девојка Ивана!
За нивната врска која очигледно не е многу оддамна, не барем јавно, освен нивното блиско опкружување, речиси никој не знаеше. Јавноста уште помалку, зашто после пропаднатата долга врска со телевизиската водителка Јана Серафимова и онаа неславно завршената со Антониа Гиговска, Иван очигледно приватноста од медиумите ја криел како „змија нозете“.
Неодамна еден од македнските портали (Репротер.мк) објави папарацо фотографија на која Иван беше „уловен“ во друштво на шармантна девојката на терасата на едно скопско кафуле.
Но како и многу други фотографии претходно и со познати и со непознати девојки, никој не потврди дека во прашање е дамата која утре треба да биде мајка на нивното заедничко дете.
Се’ додека пејачот на својот Инстаграм деновиве не објави видео и фото од моментот на откривање на полот на бебето кое очекува да го добие со својата избраничка. Инаку, кога е во прашање идната мајка, се работи за девојка која има охридско потекло и е под познато семејство, a се вика Ивана Зимбо, со која Иван Јованов обзнани дека ќе добие ќеркичка.
Веста дека наскоро ќе добие внука и ќе стане дедо ја потврдил и таткото на Ивана, охриѓанецот Александар Зимбо, споделувајќи ја фотографијата од „моментот на вистината“ на својата Фејсбук страница!
Кога и дали ќе има свадба голема, кој ќе му свири и пее на неа, кога е закажана венчавка во матично и црква, кој е кумот, а која старосватицата… и сите останаати детали, Иван Јованов се’ уште ниту ги открил, ниту ги споделил со јавноста.
Можеби како и за бебето, ќе почека „штркот најпрвин да долета“ или повторно ќе ја „шокира“ јавноста… со нова, убава вест, секако! Во меѓувреме, нека е со среќа и честито!
Фото: Инстаграм/jovanov_ivan/Фејсбук/Aleksandar Zimbo