Музичката група „Театро Бенд“ во првите денови од месец декември одлучи да ја пушти во етер својата нова авторска песна која го носи насловот „За тебе“.
Зад песната како авторнамузиката и текстот се потпишува Виктор Постолов (вокал во бендот), додека аранжманот и мастерот се на Маријан Стоименов – Sика (гитарист во бендот).
За песната „За тебе“ снимен е и видеозапис на неколку прекрасни локации во режија на Кристиан Ѓоргиев, а во улога на модел и во ова видео се појавува Леа Ристиќ. Проектот е подржан од Европа 92, ClarissaBalkan, хотел и ресторан Амор.
Момците од бендот „Театро Бенд“ имаат настапи ширум нашата земја, новата година веќе им е резервирана за настап во елитниот ресторан Амор во Кочани.