Годинешните претставници на Србија на Евровизија, Сања Илиќ и Балканика, со нумерата на “Нови деца” го освоија 19-тото место, па два дена по враќањето од Лисабон беа гости на утринската програма на ТВ прва и ја коментираа победата на претставникот на Израел – контроверзната Нета Барзилај.
Гостите кај Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предјевиќ ја коментираа победничката песна што предизвика поделени коментари.
„Не е лоша песната, ние исто така танцувавме на неа додека ја пееше. Иако текстот е апсолутно бесмислен“ – искрено коментираше пејачката на Балканика, Даница Крстиќ, по што на неколку секунди завладеа молк во студиото.