Многумина веруваат дека мокрењето под туш е безопасно. Добро за околината, практично, можеби дури и пријатно за некои луѓе. Сепак, еден лекар предупредува дека дефинитивно треба да престанете со оваа навика, пишува HuffPost.
Хирургот Тереза Ирвин, која се занимава со инконтиненција и едукација за здравјето на жените, вели дека мокрењето под туш има свои предности, но доколку го правите тоа редовно, тушот би можел да стане „активатор“ за мокрење. Има врска со звукот.
Накратко, кога во иднина ќе го слушнете звукот на вода што тече, вашето тело може да го поврзе со мокрење и може да имате итен нагон за мокрење, дури и ако претходно не сте имале таков нагон. Со текот на времето ова може да доведе до прекумерно активен мочен меур, состојба што предизвикува премногу често мокрење и проблеми со задржување на урината или инконтиненција.
Но, експертите посочуваат две поважни причини зошто треба да се избегнува оваа навика: може да доведе до слабеење на карличните мускули и послабо празнење на мочниот меур. Имено, стоењето под туш го спречува опуштањето на мускулниот ѕид на мочниот меур, па резултатот може да биде да не ја исфрлите целата урина.
Друга причина е поврзана со мокрењето при јавни тушеви. Доколку ја имате оваа навика, придонесувате за ширење на бактерии кои живеат во уринарниот тракт, па дури и Staphylococcus aureas (MRSA), кои можат да останат на подот и на тој начин да се пренесат. Секако, ризикот е взаемен, бидејќи и самите можете да се заразите доколку други луѓе ја имаат оваа навика.
Извор: Кајгана