Живот и Стил

Моќни бобинки од црвена и црна рибизла: Овошје што ги освежува летните денови

Моќни бобинки од црвена и црна рибизла: Овошје што ги освежува летните денови

Бобинките од црвена рибизла растат ниско на грмушката, висат од гранките како низи од минијатурни накит.

Имаат висока содржина на витамин Ц, а одлично се комбинираат и со други бобинки, како малини, капини, јагоди и дињи, како и во преливи со разни видови месо (гуска, дивеч, јагнешко). Може да се користат и како декорација за пудинзи или коктели.

Бидејќи е богат со калиум, кој придонесува за здрава работа на срцето, црвената рибизла може да се користи за спречување на хипертензија и за регулирање на крвниот притисок. Исто така, неагресивното дејство на плодот на ова овошно дрво ги прави рибизлите корисни за луѓето кои страдаат од нервозни црева и придонесува за подобро варење.

Црната рибизла има вкусни, црни плодови кои се богати со витамин Ц и антоцијанин, што е поволна комбинација за луѓе кои боледуваат од проширени вени или имаат чувствителни капилари.

Семките од црна рибизла се богати со гама-линоленска киселина, која има антиинфламаторно дејство.

Покрај многуте хранливи материи кои се поволни за здравјето, Webmd.com известува дека рибизлите се добри и за надминување на симптомите на грип.

Познавачите на хербалните лекови и нивните лековити дејства велат и дека листот од црна рибизла е неправедно запоставен и малку познат, но многу ефикасен како помагало во решавањето на проблемите со ревматизам и ревматоиден артритис.

To top