Живот и Стил

Моќен плод на природата: Доволни се само 3 дневно за да ги почувствувате овие 8 промени во организмот

Моќен плод на природата: Доволни се само 3 дневно за да ги почувствувате овие 8 промени во организмот

Урмите содржат неверојатни состојки – освен бакар, калиум, манган, влакна, магнезиум и витамин Б6, тие ги содржат и речиси сите витамини.

Урмите го подобруваат дигестивниот систем. Доколку имате проблеми со дигестијата или постојана констипација, нутриционистите препорачуваат консумација на урми. Освен тоа, лекуваат и проблеми како хемороиди.

Овој плод содржи многу магнезиум, така што може да ја ублажи болката и да помогне при отоци, но и да го намали артериското воспаление и ризикот од срцеви заболувања, како и артритис.

Урмите се многу здрави за консумација во бременоста – 69 жени кои биле тестирани и кои консумирале урми за време на бременоста имале помалку болки за време на породувањето.

Урмите се вистинска суперхрана која го штити организмот од кардиоваскуларни болести.

Нивните здравствени придобивки се многубројни, а еве ги најважните 8:

Богати се со железо
Урмите се одличен извор на овој важен минерал и затоа им се препорачуваат на трудници, деца и луѓе кои патат од анемија.

Спречуваат дијареја
Урмите се богати со калиум, кој ја олеснува работата на цревата и го стимулира развојот на добри бактерии.

Помагаат при констипација
Урмите освен што спречуваат дијареја, го решаваат и проблемот со констипација.

Ја чуваат витката линија
Доколку сакате да спречите таложење на масни наслаги, обидете се да јадете по неколку урми секој ден на празен стомак, пишува „HealthyDefinition“. Но, внимавајте да не претерате – тие се полни со шеќер.

Го регулираат холестеролот
Урмите докажано го стабилизираат нивото на лошиот холестерол, така што ги чистат крвните садови и имаат моќ да спречат формирање на крвни згрутчувања.

Го зајакнуваат срцето
Редовното консумирање урми ја спречува појавата на атеросклероза, главната причина за срцев удар.

Го регулираат крвниот притисок
Доколку страдате од хипертензија, слободно можете да јадете урми бидејќи тие не содржат натриум, а изобилуваат со калиум. Исто така, 6 урми содржат речиси 80 милиграми магнезиум, што е многу важно за здрава циркулација на крвта.

Спречуваат мозочен удар
Благодарение на калиумот кој го содржат, урмите можат да спречат мозочен удар доколку редовно ги консумирате.

извор:точка.ком.мк

To top